Кај православните
верници секоја куќа е црква. Секое семејство има своја Слава и Икона како
заштитничка преку која му се обраќа на Господ Бог. Семејната Слава и Икона
внесуваат мир и спокој во домовите, и додека се шири мирисот на темјан во
сеќавањата се појавуваат ликовите на нашите претци кои се молеле пред истите
икони на нашите светци.
Должни сме им, а долгот мораме да им го вратиме на нашите деца. Иконите
во нашите домови се сведоштво дека не биле залудни молитвите на нашите дедовци
и прадедовци.
Иконата е светиња која кажува кој сте, што сте и од каде сте.
Изработувани со љубов и молитви упатени кон Господ, старите мајстори
копаничари, фрескописци и иконописци, своето умеење низ вековите го вткајувале
во гените на нашиот народ. Еден од мајсторите од новите генерации е секако
и Драган Верговски - Алпи, академски сликар, виш конзерватор за мозаик,
зограф за икони, мозаик и фреско живописот.
|